Албанците најбројни во англиските затвори, главно осудени за трговија со дрога
Да имаше првенство за странски затвореници во затворите во Велика Британија, Албанците ќе го освоеја првото место, констатира во објавената анализа весникот „Сандеј Телеграф“, додавајќи дека веќе седма година по ред Албанците се рангирани со најголем број затвореници од странска националност.
Според написот, околу 1.200 албански државјани во моментов издржуваат затворска казна во Англија и Велс и се на прво место, а следат државјаните на Полска, 911 и оние на Романија со 729 затвореници. Трошоците за странските затвореници, според Сандеј Телеграф, се проценуваат на 1,3 милиони фунти дневно, додека за секој затвореник годишен трошок е 55 илјади фунти, објави Топ чанел.
Во написот понатаму се наведува дека Албанците издржуваат казни за кривични дела поврзани со трговија со дрога при што од вкупно 1.200 Албанци во затворите во Англија и Велс, 439 од нив се осудени за трговија и продажба на кокаин.
-Меѓу нив, е Роналдо Зани (26), кој два пати беше депортиран поради криминал со дрога, за да се врати во Велика Британија по трет пат и повторно да биде фатен и затворен минатиот месец. Само во текот на 2024 година, 84 Албанци биле осудени со вкупно 407 години затвор за дела поврзани со дрога. Од нив, 19 добија казни од шест до 33 години затвор. Додека да завршат со издржување на казната, британските даночни обврзници ќе ги чинат 21.164.000 милиони фунти, наведува Сандеј Телеграф.
Од албанското Министерство за правда за Топ чанел, изјавиле дека од потпишаниот договор меѓу албанската и британската влада во 2023 година за трансфер на затвореници, само шест осуденици се донесени да ја продолжат казната во албанските затвори. Меѓу нив се Ералд Мема, осуден на 25 години затвор за трговија со дрога и Клодијан Чопја, осуден на 17 години затвор за шверц на кокаин вреден 60 милиони фунти. Се дознава дека Мема и Чопја преостанатата казна ја отслужуваат во затворот Дренова во Корча.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните