Свет
20. April 2016 - 15:28

Алармантно: Првите три месеци од 2016 година го срушија рекордот на просечна температура!

Глобалното затоплување завзема се поголеми размери - просечната температура во јануари, февруари и март во 2016 години достигна и го премина историскиот максимум. Претходниот достигнат максимум беше во 2015 година.
 
Просечната температура ширум земјата за месец март била највисока во историјата за третиот месец од годината, од кога се мери температурата на воздугот, потврдил Американскиот Национален Центар за атмосферска појави.
 
Центарот потврдил и дека овој март бил 11 месец во редослед во кој месечната глобална температура го срушила историскиот рекод, и тоа е најдолгиот редослед во изминатите 137 години, колку што агенцијата води евиденција за времето и загревањето на земјата.
 
 
Потврдено е и дека просечната глобална температура оваа година е дури 2,2 Целзиусови степени над просекот за 20-тиот век, а дури 0,32 степени Целзиусови во однос на 2015 година.
 
 
До сличен заклучок дошла и НАСА, која користи различни методи на истражување на глобалната температура.
 
Научниците очекуваат дека во другата половина од годината глобалната температура ќе почне да паѓа, што го потврдила и Џесика Бландер од Американскиот Центар за атмосферски појави.
 
- Дури девет највисоки месечни отстапувања од температура се случиле во минатите девет месеци, навела таа.
 
Артикот за тоа време бил 6 степени потопол од досегашниот просек, што значи дека во другата половина на 2016 година може да дојде до топење на ледот, па крајот на тековната година ќе биде соодветен за одредување на нивото на ледената покривка на најладниот дел на светот.