Алаѓозовски: Зголемена е поддршката за културата на Албанците во Македонија
Поддршката за културата во РМ за граѓаните од албанска националност е четирикратно зголемена во однос на сите досегашни практики. Ова како и големите проекти за обнова и изградба на тетовскиот театар и албанскиот театар, Деновите на Наим и голем број манифестации содржани во Годишната програма гарантираат дека годинава ќе има богата и квалитетна програма на граѓаните од албанска национална припадност, рече министеот за култура Роберт Алаѓозоски.
Тој одговарајќи на пратеничко прашање за доделените средства за култура во рамки на Годишната програма и, како што рече пратеникот Сурија Рушити, за малкуте средства за албанската култура и злоупотребите при доделувањето, кажа дека целата дискусија за наводи за неправилности е резултат на транспарентноста на Владата и подготвеноста да бидат објавени сите податоци поврзани со комисиите и добитниците.
- Ние сме тие кои ја повикавме јавнста да не извести и нас и другите надлежни ако имаат индиции за некакви нерегуларности за да можат да следат постапки, рече Алаѓозовски, додавајќи дека таквата транспарентност отсуствувала во време на минатата власт.
Спорните проекти, рече, не се повеќе од дваесеттина, а средствата кои се одобрени не се ниту еден отсто од средствата за целокупната годишна програма.
- Во однос на дискусите за можен конфликт на интереси можам да кажам дека сите членови на комисиите го повлекоа нивното учество во проектите за кои тие дел одлучувале самите. По дополнителниот притисок од јавноста, имаше три спорни проекти, кои самите учесници ги повлекоа, рече Алаѓозовски.
Додаде дека и проектите доведувани во врска со можно влијание во кабинетот и луѓе блиски до државниот секретар се исто така повлечени.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили