Алаѓозовски: Врнежливото време предизвика алармантна состојба во институциите од културата
Новите градби од пред четири години на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј ги покажуваат истите проблеми заедно со објектите изградени пред 50 или 60 години, оцени денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
На прес-конференцијата свикана по повод проблемите кои се појавија во институциите по врнежливото време, министерот Алаѓoзовски истакна дека се дадени насоки на директорите како најбрзо да ја санираат ситуацијата.
- Протекува покривот на МНТ. Во Штип во Центарот за култура ни се случи поради силниот ветар и откинување на дел од лимениот покрив. Ситуацијата дополнително се комплицира, затоа што е на крај на фискална година и дури и тендери за итни работи не може да се спроведат до крајот на годината, изјави Алаѓозовски.
Нагласи дека изведувачите, надзорните органи и стручните служби ќе треба да понесат одговорност.
- Ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби за сите оние ситуации каде гледаме дека криминалната мрежа на нестручно градење објекти функционирала, изјави Алаѓозовски.
Директорот на МНТ Драган Спасов Дац, рече дека може да се работи во Македонскиот народен театар, само што се кријат некои работи затоа што се срам што се гледа.
- Тече на сцена, капе овде на влезот. Ова е поркиено за да си го сокриеме срамот. На едно место се собира вода и протекува, а на сцената е директно од покривот, рече Дац.
Директорот на Археолошкиот музеј на Македонија Горан Санев, рече дека состојбата во изложбените простории е стабилна и под контрола.
- Проблемите се на надворешните споеви на зградата. На делот на гаражите кои се споени со самата зграда и каде протекува атмосферската вода и за несреќа протекува точно врз електрична инсталација. Од самиот почеток и повеќе пати сме се обиделе да најдеме решени за тоа, изјави Санев.
Министерот Алаѓозовски упати апел до компаниите да помогнат со донации или да интервенираат во институциите.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел