Алаѓозовски во посета на културните установи во Прилеп и на отворање на „Војдан Чернодрински“
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вечер ќе присуствува на отворањето на 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Како што соопшти Министерството за култура, Алаѓозовски денеска ќе ги посети и културните установи во Прилеп, ќе оствари средби со претставници на ансамблите поддржани од државата, како и со претставници на независната културна сцена.
- Министерот ќе ја искористи оваа посета за одблиску да се запознае со состојбите во културата во овој град и регион. Посетата ќе започне со оддавање почит на хероите од НОБ кај споменикот „Могила на непобедените“, а освен тоа ќе се изврши увид и во состојбата на други објекти и обележја, кои се дел од културното и историското наследство на земјата, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила