-->
-->
Ал Шабаб нападна база на Африканска унија во Сомалија
-->
Припадници на исламистичката група Ал Шабаб денеска детонираа два автомобил-бомби, а потоа отворија оган врз базата на Африканска унија (АУ) во градот Буламерер, при што загинаа неколку војници од Уганда, соопштија сомалиските власти.- Во нападот убиени се 59 припадници на АУ, а загинаа и 14 наши браќа, изјави портпаролот на Ал Шабаб, Шеик Абдиасис Абу-Мусаб.
Африканска унија се уште не го коментира инцидентот. Нападната база на мировниците се наоѓа на 130 километри од главниот град на Сомалија, Могадишу.
Откако се повлече од Могадишу во 2011 година, Ал Шабаб изгуби контрола врз поголем број сомалиски градови, но и понатаму има значително присуство во земјата.
Групата Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и често напаѓа владини згради, хотели и ресторани. Во октомври минатата година при напад со камион-бомба во Могадишу загинаа повеќе од 500 луѓе
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
