Свет
7. March 2018 - 18:08

Ал Хусеин: Загрижен сум за човековите права во над 50 земји во светот

Загрижен сум поради последните случувања во над 50 држави во светот, вклучително и поради ѕверствата во Сирија, Јемен и Мјанмар, како и поради политичките тенденции во земји како Австрија, Полска и САД, изјави денеска во Женева високиот комесар на ОН за човекови права, принцот Зеид Раад Ал Хусеин, претставувајќи го Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот. 

- Нападите врз цивили во сириската енклава Источна Гута предизвикаа апокалипса, планирана и спроведена од луѓе од власта, очигледно со целосна поддршка од некои нивни странски поддржувачи, нагласи Ал Хусеин.

Според него, случаите на кршење  на човековите права во Сирија треба итно да бидат препатени до Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Ал Хусеин изјави дека офанзивата на владините сили во Источна Гута не може да биде оправдана со неопходноста да бидат разбиени неколку стотици борци.

- Последните обиди да се оправдаат неразбирливите и брутални напади врз стотици илјади цивили со мотив дека треба да се војува со неколу стотици борци, како што е во Источна Гута, се неиздржани од првна и морална гледна точка, нагласи тој. 

Зеид Раад Ал Хусеин

Ал Хусеин истакна и дека е шокиран од репресивните политики во САД и Европа, особено од однесувањето кон мигрантите. - Што се однесува до САД, јас сум шокиран од извештаите дека многу од мигрантите кои се задржани на јужните граници, вклучувајќи и деца, се чуваат под понижувачки услови, како што се минусни температури и тоа што малите деца се одвоени од нивните родители, рече тој.

- Ја осудувам континуираната несигурност на корисниците од програмата за заштита на околу 700.000 млади мигранти, главно од латиноамериканско потекло, кои пристигнале во САД како деца, вели Ал Хусеин. 

Според него, во многу држави во ЕУ постојат тенденции на „расизам, ксенофобија и сеење на омраза“, кои веќе доминираат во политичкиот пејсаж, што се покажа и во предизборната кампања во Италија. 

- Длабоко ме вознемирува актуелната ситуација што владите од државите на ЕУ се фокусираат на тоа да не им дозволат на мигрантите да стигнат во Европа. Потиснувајќи ги од своите граници, ЕУ ризикува да ги препушти во закрилата на држави како Либија, каде што се соочени со реална опасност од тортура, сексуално насилство и други сериозни насилства, истакна Ал Хусеин.

Тој ги критикуваше строгите мерки на Австрија против муслиманските училишта и џамии и депортацијата на илегални мигранти, како и намерите на унгарските власти да ја ограничат активноста на невладините организации кои им помагаат на мигрантите.

Зеид Раад Ал Хусеин

Високиот комесар ја осуди, како што рече, дискриминацијата на ромското малцинство во Чешка и нејзината програма за хируршка кастрација на сексуалните престапници.

- Загрижен сум од донесувањето на вонредните закони со кои се предвидуваат до три години затвор за оние кои ќе го потребата терминот полски нацистички концентрациони логори, рече Ал Хусеин, додавајќи дека во Полска постои тенденција на ослабен судски систем.

Говорхеќи за Јемен, тој нагласи дека наслението се соочува со глад и со постојани напади од страна од шиитските бунтовници Хути или арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Ал Хусеин нагалси и дека се прибираат податоци за „континуирано етничко чистење“ во мјанмарската држава Ракајн".

Високиот комесар на ОН нагласи дека во Египет се создава „клима на страв" пред претседателските избори зајажани за овојј месец, при што обвини дека се вршат апсења, тортури на притворените и „загушување" на независните медиуми.