Македонија
23. October 2015 - 16:17

Активности за празникот и во Тетово

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со пригодна манифестација ги одбележа двата значајни јубилеи.Внатрешната Македонската Револуционерна Организација-ВМРО во Тетовско започнала да дејствува во 1895 година, или две години по формирањето на организацијата во Солун во 1893 година. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Тетово е формиран на 8 октомври 1990 година. 
 
Денес, празникот на Македонската револуционерна борба беше одбележан со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово.