-->
-->
Активни два пожара во близна на Македонски Брод и Желино
-->
Околу шест хектари површина е зафатена од пожарот во атарот на с.Требовље-Македонски Брод, кој настанал завчера, а се уште не бил локализиран вчера и поради силниот ветер е активен и се шири, соопшти МВР.
- Од пожарот се зафатени околу пет до шест хектари приватен и државен имот. Од страна на екипи од ШС-Сандански, Македонски Брод, Противпожарна единица и два авиона ангажирани преку Дирекција за заштита и спасување и Општина Македонски Брод, се преземаат мерки за гаснење на пожарот, се наведува во Билтенот од МВР.
Се уште бил активен и пожарот над браната „Козјак“, кој заради силниот ветер, се шири и има можност да го зафати селото Луковица-Општина Желино. Се преземаат мерки за негово гаснење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања