Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

Активни се два пожара на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 февруари 2024 година и се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми“– подружница „Караџица“ - Скопје известиле дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково.
На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој се уште е активен.
Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 34 пожари од вкупно 36 на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Ново на Сител
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
-

Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“
