Активни 12 пожари, изминатото деноноќие евидентирани вкупно 35 пожари на отворено

На територија на државата, според утринските информации на Центарот за управување со кризи, активни се 12 пожари.
Во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати.
Како што информира ЦУК, се уште активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во општина Ново Село.
Активни пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и меѓу Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман, кај селото Фалиш во општина Кавадарци, селото Небрегово во општина Долнени, кај Пашин мост во општина Велес, меѓу селата Подлец и Чичево во општна Градско, како и кај градската депонија во Делчево.
Најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух.
На Единствениот број за итни случаи 112, разлика од вчерашниот рекорден број 3 159, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 2 978 повици.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
