Македонија
27. January 2018 - 20:17

Активна помош и поддршка за лицата со интелектуална попреченост над 18 години во Прилеп

  Лицата со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст од Прилеп, веќе три години имаат свое катче за дружење. Социјалниот клуб *Порака* е местото каде овие лица ја добиваат потребната социјализација и инклузија во општествените случувања, под стручен надзор и помош и низ дневните активности го подобруваат својот развој.

Со цел, пак, што е можно повеќе, заедницата да им помогне на младите лица со попречености во развојот, второоделенците од ООУ *Климент Охридски* за своите другарчиња од специјалната паралелка изготвија Боенка *Моето мало срце чука и за тебе*, од кој проект се обезбедија нови клупи, столчиња и компјутер за посебната паралелка.

Инаку, во Прилеп години наназад се организираат повеќе вакви хуманитарни активности, со чија реализација им се помага на децата со посебни потреби. За истата цел, пред повеќе години беше формиран и Дневниот центар *Ѕуница*.