Активисти си ги залепија рацете на две дела на Гоја во музејот Прадо | ВИДЕО |
Две еко-активистки си ги залепија рацете на рамката на две дела на Франциско Гоја во музејот Прадо во Мадрид во знак на протест против „недејствувањето на властите” против глобалното затоплување
Демонстрантите не ги оштетиле платната, соопшти шпанската полиција. Своето внимание го насочија кон познатите дела на Гоја „Гола Маја” и „Облечена Маја”.
„Се залепивме за Мајите” на Гоја во музејот Прадо”, се вели во објавата на „Твитер” на организацијата „Футуро Вехетал”. Во објавата се наведува дека пред една недела ОН ја препознале неможноста за исполнување на поставените цели на Парискиот Договор за ограничување на порастот на просечните температури на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа. Организацијата објави и видео од акцијата на своите активисти во музејот Прадо.
Со црна боја на ѕидот меѓу двете слики е напишано „+1,5 степени Целзиусови”. Двајцата активисти се приведени.
Ова е уште една во серијата слични акции во музеите во Европа во последните денови на еко-активисти. Вчера во Рим еко-активисти фрлија супа на платното „Сејач” од Винсент ван Гог и се залепија за ѕидот до делото изложено во Палацо Бонапарта.
Ново на Сител
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот