„Актива“ ќе гради втора фабрика во Македонија
Фабриката „Актива“ од Штип од септември ќе почне со градба на втора фабрика, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој потенцира дека фокусот на отворање нови работни места мора да остане се додека невработеноста не падне барем на просекот на ЕУ.
- Деновиве бев информиран дека компанијата „Актива“ од Штип, која меѓу другото работи за „Ван Хол“ и е негов партнер во изработката на делови за автобуси Скопје веќе добива нова нарачка од „Ван Хол“. Од неодамна „Ван Хол“ почна да гради втора фабрика во Скопје, така што и „Актива“ од септември ќе почне да гради втора фабрика, веројатно во близина на Штип, каде што е нивната прва фабрика. Тоа е одлична вест, рече Груевски во интервју за ТВ Сител.
„Актива“, според неговите информации, добила уште една линија за преработка на лим, која што досега „Ван Хол“ ја увезувал од Белгија, така што тоа е можност за дополнително проширување и отворање нови работни места во Македонија.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск