Џет-Сет
25. December 2016 - 14:18

Актерот Омар Си прогласен за „најомилен Французин за 2016 година“

Француксиот актер Омар Си е поргласен за „најомилен Французин за 2016 годона“ во изборот на социолошкиот институт „Ифол“ и весникот „Журнал ди Диманш“.

Црномурестиот Си, се најде на првото место на листата пред поранешната министерка Симон Вејл, која е заслужна за легализација на абортусот во Франција, и пред музичарот Жан-Жак Голдман. 

Меѓу првите десет на листата на најомилени Французи за годинава што изминува се најдоа и актерите Софи Марсо, Жан Рено и Дени Бун. 

Интерсено е дека најдобро пласиран актуелен политичар на листата на „најомилени Французи“ е лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН), која е на 37-то место. Кандидатот за претседател на конзервативната партија Републикнаци, Франсоа Фијон е на 42-то место, а донеодамнешниот премиер и претседателски кандидат на владејачките социјалсити Мануел Валс е 57-ми.

Името на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд воопшто не се најде на листата.