Актерка од Скопје исчезна во Америка - пријателите молат за помош
Семејството и полицијата на студентка по глума во Лос Анџелес вчера побарале помош во потрагата по неа. Се работи за 25-годишната Адеа Шабани од Скопје која на 23. февруари исчезнала под сомнителни околности, пренесува КТЛА.
Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11 часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо да се врати.
„Не знам, не знам што да мислам“, рекла Мишел Љунгранџ за КТЛА. „Само сакам да ја најдам, ова не личи на неа", пренесе МКД.МК.
Иследниците не објавија никакви информации што укажуваат на нешто сомнително, но пријателите веруваат дека некој ја држи против нејзината волја.
Висока е 165 сантиметри, а тешка шеесетина килограми има руса ксоа и сини очи.
.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
