Актер со големо срце: Крис Прат вака одлучи да израдува тешко болен тинејџер кој е пред смрт
Холивудскиот актер Крис Прат уште една покажа дека има големо срце. Тој реши да ја исполни една од последните желби на својот фан, кому лекарите му рекле дека има умште неколку месеци живот.
„Драг свету, ова е мојот нов пријател Џејкоб Мандеј. Тој е 16-годишно дете од Њујорк со единствена и моќна приказна, напиша актерот Крис Прат (38) покрај фотографијата со тинејџерот која ја објави на социјалните мрежи.
Прат објасни дека докторите на Џејкоб му дијагностицирале редок вид на рак на коски, а Џејкоб неодамна одлучи да престане со лекувањето и да се посвети на остварување на желбите од својот список пред смрт.
„Една од тие работи што сакаше да ги направи, освен запознавање со ѕвездата на својот омилен филм, беше и да оди на фризер“, истакна актеоркот кој се согласи да се сретне со големиот фан на неговиот акционен филмски хит „Чувари на Галаксијата“.
Го одвел детето во фризерски салон, а додал и како со Џејкоб имале забавно дружење и дека не треба да се каже како тој и неговото семејството поминале низ многу нешта. Прат во еден момент го „презеде“ профилот на тинејџерот на социјалните мрежи зошто сакаше да напише нешто.
„Уренебесен е, искрен, чесен и силен. Го сакам ова дете. Искористете го моментот да ги гушнете своите деца“, напиша актерот. Ги замоли обожавателите да го следат Џејкоб на Инстаграм зошто една од желбите му е да има многу следбеници.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени