Актер на Европа за Силвија Берже од Комеди Франсез

Со бугарската претстава „Нирвана" од Константин Илиев, во режија на Иван Добчев од театарот Сфумато од Софија, заврши 13. Интернационален театарски фестивал „Актер на Европа“,што се одржа во Ресен.
Изведени беа шест претстави од Словенија, Бугарија, Германија, Франција и домаќинот Македонија. Стручносто жири во состав Благој Стефановски, Мартин Кочовски и Весна Гаврил, наградата Актер на Европа за 2015 година и ја додели на Силвија Берже од Комеди Франсез, Париз, за претставата „Тестаментот на Ванда".
За најдобра претстава е прогласена бугарската „Нирвана" во изведба на младите актери Ирмена Чичикова и Христо Бонин, додека наградата Жак Лакариер за експеримент и иновација ја добија претставата „Глупирање наоколу" од театарот Келер од Келн во режија на Брајан Мајклс, како и Ана Батева за претставата „Обѕрни се во гнев".
Наградата од публиката, Гранд при, и припадна на претставата „Излегов да се прошетам".
Советот на фестивалот ги додели наградите за најдобар текст на Жан Пјер Симеон, Франција, за претставата „Тестаментот на Ванда“ и „Наум Манивилов Преспански" на Митрополитот Европски Пимен, за афирмација на духовните вредности на Преспа
Награда додели и неделникот „Јавност“ од Битола за претставата „Ирена или не можам повеќе" во режија на Ник Упер и изведба на Мирел Кнез.
Ново на Сител
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
