Ако се ежите кога слушате музика, вашиот мозок е посебен!

Дали некогаш добивате чувство на ежење или дека ве лазат морници кога слушате некоја песна? Ваквите искуства при слушање музика се ретки и уникатни.
Метју Сакс дипломирал на „Харвард“, па минатата година анализирал индивидуи што го имале чувството на ежење додека слушаат музика. Студијата вклучувала 20 студенти, а 10 од нив признале дека имале вакви искуства, додека пак другите 10 не почувствувале такво нешто. Сите биле изложени на мозочно скенирање.
Откриено е дека оние што имале емоционална и физичка приврзаност за музиката, всушност, имаат поинаква мозочна структура од оние што немаат. Кај нив има повеќе влакна кои ги поврзуваат аудиторниот кортекс и регионите што процесираат емоции, што значи дека може да комуницираат подобро.
Според авторот на студијата, оваа појава значи дека имате посилни и поинтензивни емоции. Овие сензации можат да се поврзат и со сеќавања кои се блиски до некоја одредена песна, што не може да биде контролирано.
Иако се работи за мала студија, Сакс продолжува да собира информации и да реализира нови истражувања за да се анализира мозочната активност додека се слуша музика која може да предизвика одредени реакции. Се надева дека со повеќе сознанија ќе може да се истражува и дали музиката би била погодна и при третирање на некои психолошки нарушувања.
Ново на Сител
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
