Македонија
22. October 2015 - 16:51

Ако падне Владата што губат граѓаните без ВМРО – ДПМНЕ

Зголемување на пензиите, социјалната помош , платите на вработените. Во последниве години активно се работи на подобрување на стандардот на граѓаните  и остранување на сиромаштијата.  Примањата на пензионерите за 9 години пораснаа за 70 отсто. Ако во 2006 година просечната пензија изнесувала  7.680 денари со последното покачување во октомври  изнесува 13. 085 денари. А   Догодина  пензиите  ќе пораснат за уште   5 отсто.

 

Висина на просечна пензија

2006                                   2015

7.680  денари                  13. 085 денари

Пораснаа и примањата за најранливите категории на граѓани. Од 2006 до сега за 61 отсто се зголемија  социјалната  и постојаната парична помош.

 

Социјална парична помош                                      Постојана парична помош

2006                          2015                                              2006                        2015

2.900 денари          4. 690 денари                            3.695 денари       5.931 денари

Паралелно се работи и на намалување на невработеноста. Со воведувањето на мерките за стимулирање на вработувањето, стапката на невработените се намали за  11 отсто.

 

Стапка на невработеност

2006                        2015

38 %                        26, 8 %

Од Зголемувањето на пензиите и социјалната помош бенефит имаат 335 илијади граѓани.  300 илјади пензионери и 30 илјади  приматели на социјална помош. Се зголеми и надоместокот за енергетска сиромаштија.

Беа воведени и низа други економско социјални мерки, како отписот на долговите за камати на фирмите по основ на социјални придонеси, отписот  на долговите за камати на граѓаните кон фирмите, се воведе мерка за откуп на дворни места по едно евро за метар квадратен. Се извршија измени на закони за полесна регистрација на имотот. Со помош на проектот купи куќа купи стан младите полесно дојдоа до свој дом,  се доделуваат станови на социјалните лица. Владата во континуитет ги зголемиваше и субвенциите за земјоделците. За девет години доделени се близу 800 тини  милиони евра.