Живот
4. February 2016 - 10:50

Ако имате помалку од 40 години би можеле да бидете бесмртни

Сите кои имаат помаку од 40 години можат да се надеваат дека ќе станат бесмртни, тврди футурологот д-р Иан Пирсон. 

Тој и неговите колеги веруваат дека човекот ќе еволуира во нов вид кој го нарекуваат Хомо Оптимус.  

Карактеристиката на тој вид ќе биде комбинација на технологијата и човековиот организмот, односно спојување на човекот и технолошките достигнување во едно суштество. 

- Со оптимизирани гени и тела се подобрени врски со технологијата, луѓето би можеле да бидат поубави, поинтелигентни, емоционално пософистицирани, физички посилни, посоцијализирани, значително поздрави и по среќни, тврди Пирсон.

 Бесмртноста ќе се овозможи со сладирање на нашите мисли и искуства со посебен вид на технологија и пренос во ново андроидно тело. 

Пирсон смета дека нашата еволуција повеќе не е ограничена со природата, туку дека сега можеме да влијаеме на човештвото со сопствените технолошки откритија. 

Иако ваквото тврдење звучи како од научно-фантастичен филм, Пирсон е уверен дека сето тоа ќе се оствари до 2050 година.