Ако цело време гледате во телефонот можете да заболите од оваа ужасна болест!
Сите знаеме дека гледањето прeмногу во мобилниот телефон штети, но најновата студија покажала дека смартфоните се многу повеќе штетни отколку што сме мислеле, особено кога се во прашање нашите очи.
Истражвањето објавено во списанието „BMC Opthalmology“ открива дека децата кои поминуваат повеќе време користејќи ги телефоните имаат повеќе симптоми на синдромот „суво око“.
На децата на кои им биле ускратени смартфоните на еден месец, симптомите се повлекле.
Суво око или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило, оток и иритација.
Обично се поврзува со луѓе во одминати години, но специјалистите веруваат дека таа состојба кај децата се потценува.
Кога гледаме во екраните и мониторите, помалку трепкаме што значи дека доаѓа до зголемено испарување на солзната обвивка и расте веројатноста за болеста суво око.
Во студијата биле анализирани 916 корејски деца помеѓу 7 и 12 години. Во нешто помалку од 7% од нив пронајдени се доволно симптоми за дијагностицирање суво око.
Установено е дека 97% од децата во таа состојба во просек користеле смартфон повеќе од три часа дневно. Тие другите во просек тие уреди ги користеле 37 минути дневно.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство