Акциски план за животна средина во општина Аеродром

Општина Аеродром е една од шесте општини кои се одбрани за изработка на акциски планови за поголема вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки од областа на животната средина, за периодот 2017 - 2020 година, во организација на „Центарот за климатски промени“.
Како што соопшти општина Аеродром, акцискиот план ќе биде изработен заедно со граѓанските организации кои се активни во општината и треба да овозможи поголема соработка меѓу општината и јавноста, преку спроведување заеднички активности кои се поврзани со животната средина.
Заедничките активности ќе се однесуваат на организирање заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем или промоција на одржлив развој, како што се промовирање рурален и еко-туризам, промовирање органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт и акции за штедење енергија.
Проектот ќе ги опфати и општините Македонски Брод, Македонска Каменица, Ресен, Струмица и Карпош.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
