Акција за заловување на бездомните кучиња во Штип
- Имајќи предвид дека во изминатите две години, на трите објавени конкурси за постапување со кучиња согласно Законот за благосостојба на животните не се пријави ниту еден оператор, а проблемот со бездомните кучиња бара решавање, согласно законските прописи, локалната самоуправа како привремено решение со работен налог привремено го решава проблемот за третман на кучињата, според можноста која ја нуди Законот за ангажман до 500 евра, вели Ристов.
Тој информира дека кумановската фирма која ја врши акцијата низ Штип е со регистрирано прифатилиште за бездомните кучиња и располага со сите можности за нивен третман согласно законот, со што е водено за хумано постапување согласно Законот за благосостојба на животните.
- Службите се веќе на терен во Штип и вршат заловување на кучињата бездомници. Лицата кои чуваат домашни животни се известуваат да внимаваат на своите миленици со цел да не бидат заменети нивните домашни миленици со кучињата-бездомници. Се очекува за десетина дена да заврши постапката, вели Ристов.
Тој информира дека во тек е постапка за нов тендер за третман на бездомните куќиња.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!