-->
-->
Акција за собирање отпадни гуми во населбата Вардариште
-->

Собрани се 70 отпадни гуми од тешки и лесни товарни возила во населеното место Вардариште во Општина Гази Баба во тек на акција што ја спроведоа комуналната и инспекцијата за животна средина на општината, во соработка со Министерството за внатрешни работи.
- Во населбата Вардариште има често палење огнови од страна на населението. Со акцијата се спречува можноста за палење на гумите кои беа одземени, а истовремено се опоменуваше локалното население за казнените одредби од Законот за јавна чистота и Законот за животна средина, соопшти денеска Општина Гази Баба.
Собраните отпадни гуми во акцијата се предадени на овластен постапувач со отпадни гуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
