Акција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

На 14 и 15 октомври општина Кисела Вода ќе биде спроведена акција за собирање кабаст отпад.
Активностите ќе се реализираат по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.
Во петок отпадот ќе се собира од 7 до 11 часот во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, 11-ти Октомври-бараки, Пинтија, Бобан Трпков-н. Драчево, село Драчево и Усје и Градинар. На 15 октомври во истото време во урбаната заедница „Цветан Димов“, потоа Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври-згради.
Од општината апелираат до сите граѓани, отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови и колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
