Акција за собирање кабаст отпад во Кисела Вода

Акција за собирање кабаст отпад почна во општина Кисела Вода. Активностите за подигнување на кабастиот отпад и електронската опрема ќе се одвивааат до крајот на април преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, а во истите ќе се вклучи и ЈП „Комунална хигиена“.
Акцијата ќе се спроведува во секои последни два дена во седмицата во две месни и урбани заедници. Покрај подигнување кабаст отпад, сезонските работници ангажирани од Општината ќе вршат и генерално чистење на улиците и кастрење на суви гранки на најфреквентните улици под надлежност на Општина Кисела Вода. Ќе се интервенира и во делот на урбаното средување на скалите, како и средување на детските игралишта и парковите на територија на Општина Кисела Вода.
Акцијата ќе се спроведена 21 и 22 март во Црниче и Пржино, 28 и 29 март во населба и село Драчево, на 4 и 5 април во 11 Октомври, 11 и 12 април во Цветан Димов и Бирарија, 18 и 19 април во Кисела Вода и Расадник и на 28 и 29 април Припор, Усје, Пинтија и Стаклара – Каменик.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Потсетуваат дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
