Акција за остранување на дивите тезги на тротоари и тревници
Градот Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и МВР, како и со асистенција на ЈП „Улици и патишта“ за утовар, денеска спроведе акција за отстранување нелегални продавачи на улицата „Брадфордска“ во Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром.
Во рамките на оваа акција беа запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција беше однесена во Агенцијата за управување со одземен имот. Градот Скопје изрече вкупно осум казни на нелегалните продавачи по основ прекршување на Законот за јавна чистота.
Како што соопшти Град Скопје, оваа акција била спроведена по барање на околните жители, за да се стави крај на нехигиената и нередот што зад себе го оставаат нелегалните продавачи, како и по барање на продавачите што имаат закупено тезги на зелените пазари и уредно плаќаат за користење на тие тезги со цел заштита од нелојална конкуренција. Нелегалните продавачи на посочените локации минатата недела беа предупредени да ги отстранат своите импровизирани тезги, бидејќи во спротивно ќе им биде одземена стоката и ќе им бидат изречени казни.
Градот Скопје идната сезона ќе се залага за соработка со општините со цел регулирање на начинот на сезонската продажба на ваквата стока.
Од градот информираат дека Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи имаат еднаков пристап и кон нелегалните продавачи на Битпазар, како и на сите други локации во градот.
- Отстранувањето на нелегалните продавачи од повеќе локации низ градот ќе продолжи и во наредниот период во насока на воспоставување ред за пофункционален и побезбеден град, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу