Акција за обележување и чистење на планинарски патеки до Голак
Во организација на ПСК „Голак“ Делчево, денес се чистеа и обележуваа двете планинарски патеки што водат до планината Голак.
Целта е да се овозможи безбедно движење на сите граѓани кои имаат желба да се искачат на Голак, а освен чистење, планинарските патеки, како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, беа и соодветно обележани.
-Со нашите членови денеска имавме активност за расчистување на главната патека до Голак која почнува веднаш над населбата „Расадник“ во Делчево и се движи во правец на месноста Трајанов Рид, како и споредната патека, што започнува веднаш над населбата „Први реон“ и се вклучува во главната планинарска патека кај споменатата локација. Покрај чистење на патеките, поради безбедно движење на сите кои ги користат, истите беа и соодветно обележани, истакна Чучуковски.
Додаде дека овие активности се дел од проектот, кој ПСК „Голак“, го спроведува во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Како дел од туристичката промоција на регионот, во наредниот период ПСК ,,Голак” ќе работи и на уредување и поставување на планинарска патека на планината Средна, како и уредување на локалитетот Истевнички Кукуље.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел
-
Честитка од министерот за јавна администрација Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски
-
Фатен бегалец од затвор во Струмица
-
Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод празникот Свети Климент Охридски
-
Кинеската и руската амбасада остануваат отворени во Сирија, бунтовници упаднаа во иранската амбасада
-
Приведени три лица во угостителски објект во Кавадарци
-
Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи во Уставниот суд, ДУИ ќе продолжи со политички маневри
-
Во Скопје уапсени десет лица, меѓу нив и малолетник