Акција за донирање храна „Нахрани 10.000“ во рамки на „Недела на солидарноста“
Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, што ќе се одржи утре во рамки на „Неделата на солидарност“ на Црвениот крст од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.
– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. На овие 29 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани, истакна денеска на прес-конференција Блаже Јосифовски од мрежата „Сите сите“.
Тој изразии надеж дека ќе биде донирано доволна количина храна за да може да се задоволат дел од месечните потреби на граѓаните.
Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста“ што годинава од 15 до 21 април се одбележува впод мотото „Вашиот прилог значајна помош“ со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит саити информира дека ќе се собира храна, облека обуквки средства за хигиена, како и парични стредства. Средства ќе се собираат преку мобилни телефонски броеви 070/075/077 143 400 со донација од по 100 денари, или преку банкарска уплата на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период ќе се организира и хуманитарна акција од куќа до куќа за обезбедување донација во парични прилози.
Според податоците со кои располага Црвениот крст во Македонија 22,2 отсто од населението е сиромашно. Во светски рамки во сиромаштија живеат 2 милијарди луѓе, 750 милиони во екстремна сиромаштија, а 800 илјади во хронична глад.
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми

