Акција против грчките фиктивни фирми на Балканот
Грчките власти започнаа операција наречена „Вулканизатор", чија цел е елиминирање на појавата на фиктивно преместувања на грчки фирми во соседните држави, со цел сопствениците да плаќаат пониски даноци, објави „Етнос".
Министерството за финансии на Грција изготви план кој предвидува засилени проверки и законски промени. Во таа насока, ќе се „блокираат" фирми што фиктивно ја преместиле својата дејност во Бугарија, Романија или Кипар.
Фирмите, за кои ќе се утврди дека ги преместиле своите седишта во друга држава, но фактички продолжуваат со својот бизнис во Грција, ќе бидат санкцонирани со парични казни.
Извори од Министерство велат дека во северна Грција има фирми што ангажирале адвокати и брокери, кои работеле на „преместувањето на фирмите“, на пример, во Бугарија, каде што само во 2015 година се отворени околу 150.000 фирми. Во 2016 пак, тој број изнесувал 2.500.
Ново на Сител
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани