Акција на полицијата во Тетово: Приведени осудени убијци, крадци и насилници
Четири лица од тетовско кои се барале за издржување затворски казни за различни кривични дела во текот на вчерашниот ден се приведени и предадени за издржување на казните.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информираше дека со најголема затворска казна бил Н.Љ.(51), кој се барал за издржување казна затвор од четири години и 10 месеци за кривично дело „тешка кражба“.
- За Н.Љ имало судска наредба и тој бил уапсен вчеравечер околу 21 часот, а денеска бил предаден за издржување на казната во КПУ „Идризово“ во Скопје, изјави Јосифовски.
Со судски наредби лишени од слобода се уште три лица кои се осудени на едногодишна затворска казна. С.С.(47) од Тетово за сторено кривично дело „неовластено влегување во воен објект...“, А.С.(59) од Џепчиште за „убиство во обид“ и Џ.С.(25) од Слатино за „насилство“. Тие се предадени за издржување на казните во казнено - поправните установи „Тетово“ и „Идризово“.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!