Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун

Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на грчката полиција што е во тек во Атина и Солун за разбивање на турската мафија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата информираа дека акцијата на Секторот за справување со организиран криминал што започнала утрово е за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција.
Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица.
Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.
Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални имигранти.
Ново на Сител
-

Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа - Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
-

Роналдо реагира на елиминацијата на Ал-Наср од Кралскиот куп
-

АБА 2: ТФТ Скопје ја совлада Војводина
-

Москва објави дека се пресретнати 100 украински дронови
-

Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во АХВ за „проневера во службата“
-

Масакр во Ел Фашер, повеќе од 2.000 цивили егзекутирани во последните 48 часа
-

Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас
-

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид
