Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на грчката полиција што е во тек во Атина и Солун за разбивање на турската мафија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата информираа дека акцијата на Секторот за справување со организиран криминал што започнала утрово е за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција.
Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица.
Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.
Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални имигранти.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен