Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на грчката полиција што е во тек во Атина и Солун за разбивање на турската мафија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата информираа дека акцијата на Секторот за справување со организиран криминал што започнала утрово е за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција.
Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица.
Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.
Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални имигранти.
Ново на Сител
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
-
На Самитот ЕУ-Западен Балкан нема да се разговара за уставните измени, посочуваат извори од Европскиот совет
-
Макрон му постави рок на новиот премиер Бајру да формира влада
-
Ѓорѓиевски: Се гледам како иден градоначалник на Скопје и за кратко време би го решил хаосот во градот
-
Бензема размислува да се пензионира во 2025 година
-
Автомобил се превртел на патот Кочани – Македонска Каменица, 4 лица повредени
-
Инзаги по триумфот над Лацио: Задоволен сум од начинот на кој победивме многу квалитетен тим
-
Минчев: Реформата на јавната администрација еден од главните приоритети во пристапното партнерество со ЕУ