Акција на германската полиција против салафистичка мрежа во Бремен

Германската полиција извршила претреси во девет домови и канцеларии на луѓе поврзани со Салафистичкото движење во градот Бремен.
Во рамки на акцијата за засилена контрола и проверки на осомничени исламски радикали полициски специјалци од Берлин, Хамбург, Мекленбург - Западна Померанија и Шлезвик Холштајн пребарувале локации во 4 дела од Бремен кој е едeн од трите градови - покраини во Германија.
Засега нема информации за уапсени исламисти во акцијата која што се случила рано наутро околу 6 часот. Во текот на денот се очекува прес конференција на јавниот обвинител во Бремен кој треба да даде детали за акцијата. По нападите во Париз и Брисел германската полиција ги зголеми мерките за контрола на исламските радикали особено тие за кои што има индиции дека се поврзани со поддршка и финансирање на терористички групи.
Во Германија има околу 8.000 припадници на салфистичкото исламско учење кое се смета за екстремистичка интерпретација на сунитскиот ислам кое што од страна на властите се смета потенцијална опасност за безбедноста на земјата.
Најмалку двесте припадници на ова движење биле дел од Исламска држава или други милитантни групи во Сирија и Ирак а голем дел од нив веќе се вратени во Германија. Според службите за безбедност во Германија има 1.100 радикални исламисти кои што се сметаат за потенцијална опасност за стабилноста на земјата.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
