Акција 21 - Нова реформска иницијатива на Владата
Носење на европски стандарди дома - нова иницијатива на македонската влада.
По недобивањето на датум за старт на преговори со Европската Унија, премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција ја најави иницијативата „Акција 21", чија цел е засилени европски реформи во повеќе области.
Приоритет ќе биде прочистувањето во судството, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина. Останатите области каде што Владата планира да оствари засилен реформски развој е во областа на борбата против пандемијата со Ковид 19, легализацијата на канабисот за медицински цели, како и нови проекти во областа на енергетиката. Спроведувањето на пописот исто така е планиран како нужен во првата половина на оваа година.
Како што истакна премиерот, останатите области во кои се планира реформски напредок е борбата против лажните вести, како и неколку нови политики кои ќе го засилат економскиот потенцијал на земјава.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила