Акции на полицијата во полошко за спречување нелегалната сеча, транспорт и трговија со дрва
- Три трактори со вкупно шест кубни метри нелегално исечени дрва и две моторни пили одзела полицијата на две места во полошко во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци околу 21 часот над џамијата во Џепчиште полицајците на патот што води кон планината се обиделе да запрат два трактори натоварени со по два метри кубни дрва. Тие им сигнализирале со батериска лампа на возачите да запрат но наместо тоа возачите ја зголемиле брзината и како шторече Јосифовски се обиделе да ги прегазат полицјците. Двајца полицајци тогаш испукале од службените пиштоли по два предупредувачки куршуми во воздух по што возачите запреле и избегале во правец на Порој. Полицијата ги одзела тракторите со натоварените дрва како и една моторна пила и гипредала нелегално исечените дрва на припадниците на шумската полиција.Полицијата има и првични сознанија за идентитетот на избеганите возачи и работи на расчистување на случајот.
Вториот ваков случај бил кај Чегране кога околку 19 часот и 30 минути полицајци го запреле Р.Б.(55) од Чегране кој управувал трактор со прикоилка натоварени со два метри кубни дрва. И овие нелагално исечени дрва биле предадени на шумската полиција додека полицита ги одзела тракторот со приколка и една моторна пила од Р.Б. против кого ќе има и соодветен поднесок рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка