Ајварскиот пипер годинава се продава поскапо за околу 20 отсто
Зимницата годинава ќе биде поскапа за македонските граѓани. На Градскиот пазар во Штип денеска пиперките за ајвар се продаваа по цена од 40 до 60 денари. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА вели дека за разлика од лани граѓаните ајварскиот пипер го купуваат за 20 отсто поскапо. Посочи дека го има во доволни количини, односно производителите и трговците го нудат на своите муштерии. Но, во овој период на пазарот недостига доматот, кој се продава по цена од 80 до 100 денари.
-Има недостиг на домати, а другите артикли ги има колку толку, во доволни количини, е сега цените за продавачите се жалат дека се евтини, а за купувачите е скапо. Во моментов е актуелен ајварскиот пипер лани го имаше од 30 до 50, а сега е од 40 до 60 денари. Значи за некои над 10 до 20 отсто имаме зголемување, вели Колев.
Забележа дека за разлика од лани на пазарот ги нема традиционалните производители на домати, кои се жалат дека оваа сезона немале услови за производство, односно немале вода за наводнување.
-Недостигот на доматот не е во големи количини, но земјоделците какошто ни кажуваат немаат услови да работат. Закупувачите на тезги, односно производителите кои ни доаѓаа оваа сезона се жалат дека немаат вода за наводнување и затоа нема производство на домати, вели Колев.
Прашан колку мерките на Владата ќе придонесот за понудата на зеленчукот и овошјето на Градските пазари, Колев со одговор дека цените на зелените пазари се нормални, освен неколку производи, какошто е доматот кој достигнува цена и до 100 денари.
МИА анкетираше граѓани на Градскиот пазар, кои велат дека годинава за традиционалниот ајвар зеленчукот им е поскап. Некои од нив ајвар ќе прават во помали количини, а некои и воопшто нема да приготват, бидејќи овде ги калкулираат трудот и маката додека го стават во тегли.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана