Ајкула изеде човек пред очите на неговата ќерка
Ајкула изеде маж, а целата трагедија ја видела неговата ќерка. Оваа ужасна сцена се одиграла на островот Марија во Тасманија, предел кој важи за еден од најбезбедните за бањање.
Човекот кој бил во доцните 40-ти години, нуркал со својата ќерка, но не успеал да стигне до површината кога го нападнала голема бела ајкула.
Спроед зборовите на полицијата, девојката се вратила на бродот со кој тргнале, а то отишол по уште неколку школки. Меѓутоа оваа одлука го чинеше живот. Ќерката се загрижила за таткото и се вратила во водата, кога здогледала како огромната ајкула го јаде нејзиниот татко.
На помош дошле луѓето што биле во близина. Меѓутоа несреќниот човек им подлегнал на повредите.
Последниот напад од ајкула на ова подрачје се случило во 1993 година.
Тогаш една ајкула уби жена која нуркала во близина на брегот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ