-->
-->
Ајановски најбрз на празничниот маратон
-->
По повод 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба, и во пресрет на 3ти ноември Денот на општина Гази Баба, општината заедно со град Скопје и атлетското здружение „23-ти Октомври“, во парк шумата Гази Баба организираше атлетска трка.
Трката беше во поделена на два дела, рекреативна трка на 5 км и полумаратонска трка на 21км.
Овој спортски настан е со цел да се промовира парк шумата Гази Баба како идеална локација за разни спортски активности и рекреација , како и граѓаните повеќе да се запознаат со нејзините предности и убавини.
Во рекреативната трка на 5 км медали и подароци од спонзорите добија: во машка категорија: 1 место Пепи Анакиев, 2 место Дарко Поп Ацев, 3 место Игор Стојановски, додека пак победници во женска категорија се: 1 место Минов Сузана, 2 место Еми МекКолдерк, 3 место Моника Самарџиоска.
Во полумаратонската трка на 21км , медали,подароци од спонзорите и парични награди во машка категорија добија : 1 место Кокан Ајановски- 4000 денари, 2 место Дарио Ивановски-3000 денари, 3 место Игор Јакимовски- 2000 денари, додека пак победници во женска категорија се: 1 место Росица Костова- 4000 денари, 2 место Благица Јованова- 3000 денари, 3 место Андријана Поп Арсова- 2000 денари.
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски присуствуваа на настанот и на победниците им ги врачија наградите и им честитаа за успехот .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница