АИ: Сирискиот режим егзекутирал речиси 13.000 луѓе со бесење меѓу 2011 и 2016 година
Амнести интернешнал го обвини сирискиот режим дека егзекутирал со бесење во затвор близу Дамаск речиси 13.000 затвореници. Тие податоци се за периодот 2011-2016 година.
Амнести наведува дека еднаш неделно меѓу 2011 и 2015 година групи од 20-50 затвореници биле изведени пред суд по брза процедура, биле измачувани и потоа обесени ноќе во најдлабока тајна.
Амнести се повикува на разговори со очевидци меѓу кои службеници од затворите, судии и адвокати. Повеќето жртви биле цивили кои се сметале за непријатели на режимот, други биле војници осомничени за учество во заговор против режимот.
Жртвите се погребувани во масовни гробници вон Дамаск. Од Амнести сметаат дека тоа се воени злолсторства кои веројатно траат и сега. Тие ги повикаа ОН да ги разгледаат нивните заклучоци од извештајот.
Ново на Сител
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
-
Брзата интервенција на пожарникарите спречи катастрофа во Кочани | ВИДЕО
-
ЕУ со долг од 81,8 отсто и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП
-
Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала