АИ: Руските и сириските сили намерно напаѓаат болници во Сирија
Руските авиони и сириските владини сили намерно вршат напади врз болници во Сирија, како дел од нивната стратегија, се наведува во извештај на организацијата Амнести интернешанл (АИ).
АИ наведува дека има докази за најмалку шест намерни напади врз медицински установи во провинцијата Алепо во последните 12 недели, во кои се убиени најмалку тројца цивили, а 44 се ранети.
Според организацијата, напади се изведуваат намерно со цел да се олесни напредокот на провладините сили во северните делови на Алепо.
АИ смета дека таквото кршење на меѓународното хуманитарно право може да се смета за воено злосторство.
Според сите сведоци со кои разговарала организацијата, во близина на нападнатите болници немало никакви воени објекти, ниту непријателски борци.
Ново на Сител
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца