Свет
5. January 2017 - 14:12

АИ: Американско и европско оружје се користи за вршење на воени злосторства во Ирак

Паравоените групи, кои се борат заедно со ирачките владини сили против ИД извршуваат воени злосторства, користејќи оружје доставено од САД, Европа, Русија и Иран, соопшти денеска „Амнести интернешнал“ (АИ). 

Во соопштението се наведува дека провладината милитантна група Народни мобилизациски сили (Хашид шаби), која сега дејствуваат на територијата на цел Ирак, е вооружена со оружје, произведено во најмалу 16 земји. 

„Амнести интернешнал“ се повикува на свои истражувања на терен, што траат две и пол години. 

Тие вклучуваат интервјуа со затвореници, очевидци, преживеани и роднини на убиени, заробени или исчезнати лица.