АХВ: Злоупотребата на „јазлеста кожа“ за дневно-политички поени е крајно неетично
Злоупотребата на појавата на болеста „јазлеста кожа“ за дневно-политички поени на опозицсиката СДСМ е крајно неетичка и неморална, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во писмената реакција на изјавата на Љупчо Николовски од СДСМ.
- Со дезинформации и манипулации се создава тензична атмосфера во јавноста, паника кај сточарите и целосна конфузија со вистинските состојби со овој регионален проблем. Се прескокнуваат надлежните институции, официјалните податоци и стручните наводи и наместо тоа се импутираат партиски вокабулар и небулози, се вели во реакцијата.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство, Љупчо Николовски од Извршниот одбор на СДСМ ги довел во заблуда сточарите, и неговите инструкции да не ги пријавуваат и предаваат заболените животни, довело до тоа епидемијата и бројот на заболени говеда да се зголеми.
- Со оваа неконтруктивност и манипулациите со сточарите, Николовски не само што сее вознемиреност, туку работи на штета на сточарите, на штета на државата и на штета на буџетот на РМ, се истакнува во соопштението.
Од АХВ сметаат дека Николовски треба да сноси одговорност, да престане да дејствува на штета на граѓаните и државата и да се повлече од политичката сцена.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да не се манипулира јавноста без докази за справувањето со болеста во другите држави од регионот.
- Пристигнатите барања за надомест на штета до Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им бидат исплатени на сите сточари во законскиот рок од 90 дена и порано. Се друго што се пласира во јавноста е неинформираност, неморалност, нервоза и агресија од редовите на опозициската СДСМ, се додава во соопштението од АХВ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот