АХВ: Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, спроведен е вонреден инспекциски надзор
Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека потенцијално небезбедните говедски коцки за супа на производителот „Подравка“, не се пуштени во промет, целокупното количество складирано во магацинот на увозникот.
Во врска со објавите дека на пазарот се продаваат небезбедни производи (коцки за супа), Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека производите - говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година, по спроведениот вонреден инспекциски надзор во магацин на компанијата увозник, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.
Станува збор за 2.400 парчиња говедска коцка за супа од по 120 грама увезени на 15.07.2024 година и исто количество пилешка коцка за супа увезени на 16.07.2024 година, сите со посочените серии и рокови во известувањето добиено во вторникот доцна попладне, преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845. Инспектор за храна на АХВ по спроведениот вонреден надзор на операторот со храна му издаде забрана за пуштање во промет на наведените производи и нареди нивно нештетно уништување на депонија, се појаснува во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-
ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
-
Руте се потсмева со Русија: Мечката не мора на сите да им кажува дека е мечка, тоа се гледа во секој случај
-
Од денеска казни за пешаците и возачите што користат мобилни и други електронски уреди во сообраќајот
-
Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија