АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
По добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште Ѓорѓија Пулевски во скопската општина Аеродром, инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со тимови од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје,
Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот за јавно здравје – Скопје, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната во училиштето. Земени се 4 контролни оброци од храната која на учениците им била послужена минатиот ден, мостри од храна - салата од краставица, супа, мусака со мелено месо и компири и бомбици кои ќе бидат лабораториски испитани. Исто така за лабораториско тестирање земени се и 5 бриса од работни површини и од опрема, како и испироци од раце од вработените лица во кујната.
Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, спроведување на вонредни здравствени прегледи на вработените лица во кујната. Наредено е затворање на кујната, од која инаку не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со кои ќе се потврди безбедноста.
Ново на Сител
-

Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата танкера во Црно Море
-

Протест во Тел Авив: Семејствата ги бараат телата на двајцата преостанати заложници, мировниот процес е заглавен
-

Најстудено утрово во Скопје - 2, во текот на денот од 7 до 13 степени
-

Едно лице загина, а 11 се повредени во напад со руски дронови во близина на Киев
-

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
-

Владата во Никарагва ослободи околу 40 политички затвореници
-

Локални избори во три општини во Србија
-

Повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба денеска ќе останат без вода
