АХВ: Обезбедена храна за добитокот во поплавените региони
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека со цел да им помогне на сточарите од поплавените региони од донации има обезбедено и поделено околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот добиток.
Најголем дел од донираниот концентрат, односно 231 вреќа или 11.650 килограми наменети се за исхрана на говедата и поделени им се на сточарите согласно бројот на преживеани грла кои се евидентирале при контролата извршена на терен од страна на тимовите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
За исхрана на овци и кози во поплавените региони, преку Агенцијата за храна и ветеринарство од донации од правни лица, досега се собрани и распоредени над 3.150 килограми концентрат, односно 63 вреќи. До крајот на минатата недела на одгледувачите на свињи, донирани им се 26 вреќи односно 2.200 килограми концентрат.
Акцијата за обезбедување донации во добиточна храна наменета за сточарите од поплавените региони ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека и во наредните денови ќе продолжи обезбедувањето добиточна храна за сточарите од поплавените региони.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај