АХВ: Кај шест лица најдена салмонела, мострите од сендивчарницата „7“ исправни

Лабораториските испитувања на земените мостри храна од сендвичарницата „7“ во скопските општини Карпош и Кисела Вода, не потврдија присуство на патогени бактерии, но бактеријата салмонела ентеритидис е детектирана кај шест од 43-те хоспитализирани лица, соопшти Агнецијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Според АХВ, негативни се наодите и од земените брисеви од работните површини во сендвичарниците. Мострите одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната и не се причина за труењето.
Во двата објекта на „7“ се спроведени наложените мерки од страна на инспекциските служби на АХВ и на Санитарно-здравствениот инспекторат и тие, по временото затворање, повторно работат.
И Државениот санитарен и здравствен инспекторат, по добиената завршна информација од Центарот за јавно здравје, денеска информира дека салмонела е пронајдена кај шест лица.
- Врз основа на должината на инкубацискиот период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажувањето на бактеријата Salmonella enteritidis кај шест затруени лица, можеме да констатираме дека се работи за труење со храна предизвикано од Salmonella enteritidis, наведува Инспекторат.
Како што нагласува АХВ, во изминатите три месеци, во рамки на редовните контроли, по претставки од граѓани, сендивачарата „7“ е неколку пати контролирана од страна на инспекциските служби при што не се утврдени недоследности, а хигиената во двата објекта, и во Карпош и во Кисела Вода била на задоволително ниво.
Државениот санитарен и здравствен инспекторат, пак, и натаму ја следи состојбата и постапува согласно надлежностите. Најавува дека ќе изврши контролен надзор во објектот на „7“ во однос на наредените противепидемиски мерки во врска со труењето и ќе преземе соодветни правни мерки.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
