-->
-->
Ахмети: Спасовски има најголема можност за технички премиер
-->

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со медиумите посочи дека се уште немале консултации со коалициониот партнер СДСМ за идниот технички премиер но ги искажа неговите лични ставови.
- Мислам дека министерот за внатрешни, Оливер Спасовски има најголем можност да ја добие функцијата. Сепак, не сме разговарале за тоа и новиот технички премиер треба да биде договорен во консултации со трите најголеми партии, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ очекува на утрешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги договорат и кандидатите за министри и заменици министри. Ахмети вели дека 12 април е најдобар датум за избори, запрашан дали тие ќе се оддржат.
- Тој датум беше консензуално договорен ан средбата кај претседтелот. За сите останати можности имаме различни мислења сите партии, а за нов датум повторно треба да постигнеме консензус, рече Ахмети.
Ако ДУИ победи на изборите, Ахмети очекува неговата партија да биде дел од коалицијата за состав на нова влада, бидејки вели дека не сака никогаш да се повтори 2006 година и она што се случуваше по формирањето на влада со партија од албанскиот политички блок, која не победила на изборите.
Иван Кузмановски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
